popo.jpeg

Вулканот Попокатепел во Мексико вчера еруптира и се очекува дека зажарениот пепел ќе загрози најмалку 20 населби, објавија локалните медиуми.

Според извештаите, ерупцијата се случила околу 8:17 часот по локално време (11,17 за Централна Европа), а облакот од пепел се крева во висина од еден и пол километар и се движи кон општината Пуебла.

Последната ерупција на Попокатепел се случи ноќта на 26 март и тогаш лавата и зажарениот пепел се разлеаја на околу две и пол милји од кратерот, преку општината Хјуипан во централната држава Морелос.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail