ЕСА планира да изгради населба на Месечината

месецина.jpg

Европската вселенска агенција (ЕСА) ги објави своите планови за изградба на постојана база на Месечината, а овој проект започна да се развива благодарение на огромниот интерес од инвеститорите ширум светот.

Според зборовите на директорот на ЕСА, Џон Вернер, забележан е значаен напредок во реализацијата на проектот за “Село на Месечината”, што ќе претставува првата лунарна база која би можела да биде користена за ископување, вселенски мисии, а можеби и туризам.

Вернер изјави дека голем број на компании покажале интерес за овој проект, а НАСА и рускиот “Роскосмос” се некои од нив.

Тој истакна дека лунарната база моментално е во фаза на нацрт, но важно е да се направат почетните чекори. “Селото на Месечината” би требало да претставува нова вселенска станица која би можела да ја наследи моменталната Меѓународна вселенска станица чија работа ќе престане во наредните десетина години.

Вернер верува дека оваа населба би се користела од страна на сите и би била меѓустаница за мисиите на Марс, па дури и за мисиите во другите ѕвездени системи.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail