ЕУ Амбасадорот Жбогар во посета успешните проектни реализации на УКЛО

Rektor_Zbogar_Remedic3.jpg

ЕУ Амбасадорот во Република Македонија, НЕ г-динот Самуел Жбогар во рамките на својата званична посета на Битола како дел од проектот „ЕУ за ТЕБЕ“ ги посети и се запозна со две успешни проектни реализации на УКЛО.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Станува збор за IPA проекти за Прекугранична соработка  помеѓу Република Македонија и Република Грција селектирани и реализирани во рамките на двата претходни повици во коишто Универзитетот односно Високата медицинска школа имаше водечка и координативна улога во однос на бројните партнери од опкружувањето односно локалната заедница што е во основата на оваа европска програма за соработка.

Амбасадорот Жбогар се запозна со успешно завршениот Проектот  со акроним  ЕСС – EARLY CHILDHOOD CARЕ Обезбедување предучилишни алтернативни услуги чијашто основна цел е Зголемување на ресурсите на локални граѓански организации заради обезбедување алтернативнии услуги за образование во раното детство за најмаргининализираните деца на предучилишна возраст од руралните и оддалечените области.

Со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски средбата се реализираше во универзитетската лабораторија за матично ракување и манипулација со матични клетки којашто е најзначајната проектна придобивка од проектот со акроним REMEDIC односно  Cross border stem cell regenerative medicine center/ Меѓуграничен центар за регенеративна медицина со матични клетки.

Разговорот со Амбасадорот Жбогар беше прилика ректорот Коруновски да го  запознае и со актуелните проекти во рамите на ИПА програмата, нивното значење за отворање на УКЛО кон надворешниот, локалниот и регионалниот контекст, како и со проблемите и предизвиците што се дел од секоја проектна соработка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top