„Еуролинк осигурување“ за првпат ќе организира тениска школа за деца на возраст од шест до 12 години

teniska-skola.jpg

Во рамките на платформата за корпоративно-општествена одговорност ,,Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности”, „Еуролинк осигурување“ за првпат ќе организира тениска школа за деца на возраст од шест до 12 години. Триесет деца притоа ќе имаат можност да ги изучуваат основните техники на тенисот, но и да се забавуваат, дружат и развиваат моторички вештини.

Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 13 март и тоа може да се направи на електронската адреса [email protected]

Селекција на пријавените кандидати ќе направи професионалниот тренер Круно Деспотовски, на 14 март во 18 часот.

Тениската школа ќе трае од 23 март до 20 април, а тренинзите ќе се одржуваат секој петок од 18 часот, односно сабота и недела од 13 часот, на терените на тенискиот центар МТП, до училиштето „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail