Евакуиран цел Универзитет поради скапано овошје

univerzitet-melburn1.jpg

Повеќе од 500 студенти и професори беа евакуирани од Универзитетот во Мелбурн поради силен и непријатен мирис, за што се посомневале дека се работи за хемиски гас.

По проверката утврдено е дека миризбата потекнува од скапано јужно овошје, кое пожарникарите го пронашле во шкаф во универзитетската библиотека.

Скапаното овошје било дуријан, познато по остриот мирис.

Пожарникарите изјавија дека непријатниот и исклучително силен мирис на скапаниот дуријан по зградата на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн се раширил преку системот за вентилација.

Во зградата на Универзитетот се наоѓаат и потенцијално опасни хемиски супстанци, поради што е покрената истрагата.

Дуријанот и покрај неговиот остар мирис е популарно овошје во Југоисточна Азија

Магазинот „Смитсонијан“ аромата на дуријанот ја има опишано како мешавина од „мириси на смола и лук, со додаток на нота од спортски чорапи“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail