Еве ги перформансите на „Galaxy S9“

galaksi9.png

Јужнокорејскиог гигант Самсунг на 25-ти февруари ќе го претстави новиот Galaxy S9 во Барселона, а од компанијата веќе започнале да испраќаат покани за специјалниот евент.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Познато беше дека Самсунг оваа година ќе „подрани“ и новиот Galaxy S9 ќе го претстави на Mobile World Congress во Барселона, саем кој што ќе се одржува од 26-ти февруари до 1-ви март, но сега е потврдено дека Јужнокорејците ќе направат сопствен евент во пресрет на самиот саем.

При испраќањето на поканите до медиумите и компаниите, од Самсунг „суптилно“ ги откриваат новите детали за своите премиум уреди, иако ништо конкретно засега не е откриено.

Натписот на поканата на Самсунг кој најмногу привлече внимание е „ново-смислена камера“ што јасно открива дека Galaxy S9 ќе притигне со понапредна камера во однос на својот претходник. Сепак, тоа е сосема очекувано затоа што сите практикуваат своите нови модели да ги опремат со подобрени камери, така да оваа вест е сосема очекувана.

Покрај подобата камера, познато е дека Galaxy S9 ќе има помоќна и понапредна батерија, одличен екран и неколку „експериментални“ промени, од кои што ќе биде сменета позицијата на сензорот за отпечатоци на прсти кој наместо до, ќе се најде под задната камера.

Секако, веќе познато е дека новиот Galaxy S9 ќе биде опремен со исто така новиот и најмоќен процесор на Qualcomm – Snapdragon 845 кој ќе биде побрз и премиерно вграден во новиот премиум телефон на Самсунг.

Galaxy S9 би требало да се најде во продажба веднаш следниот месец, односно во март, а цената не е позната. Да потсетиме, од Самсунг оваа година покрај Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus се очекува да биде претставен и првиот телефон со флексибилен екран.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top