Еве како да го вежбате мозокот

mozak.jpg

Малку луѓе знаат дека постои начин како да не дозволиме мозокот забрзано да ни старее, односно слично како и за мускулите на човековото тело, можно е да го вежбаме овој витален човеков орган и тој да биде постојано во добра форма.

Еве како би изгледал „Фитнес за мозокот“

1 Судоку

Сигурно сите ја знаете оваа заразна забавна игра во која целта е да ја пополните мрежата од бројки во даден број полиња. Ако никогаш не сте играле Судоку, погледнете ги инструкциите. За да го правите ова редовно и да си ги подобрите своите вештини за решавање проблеми, имате многу начини.

2. Учете нешто ново секој ден

3. Вежбајте математика секој ден

Веројатно некои од вас ќе сакаат да ја скокнат оваа точка бидејќи зборот математика ги потсетува на долгите часови и тешките тестови кои не пратат во текот на целото основно и средно образование. Сепак, нема потреба од тешки равенки, лимеси и сложени геометриски фигури. Доволно е да нафрлате случајни броеви на еден лист хартија и да си зададете задача да извршите по неколку основни операции меѓу нив, за што е можно пократко време.

4. Почесто пишувајте наместо да типкате на тастатура

Сите сакаме да си ги користиме тастатурите и факт е дека многу побрзо и поефективно можеме да ставиме куп зборови на електронски лист отколку на хартија, чкрабајќи со пенкало или молив. Сепак, подобро се учи кога се пишува со рака, така што подобро тргнете се од лаптопот кога сакате да стекнете ново знаење. Ова се случува поради системот за филтрирање во вашиот мозок кој го процесира она на што сте активно фокусирани во моментот. Кога фаќате забелешки, системот му вели на мозокот дека е време да обрне внимание.

5. Глумете дека предавате

Можете да си ги зацврстите вештините кои веќе ги имате, со малку глума. Наместо само да се потсетувате на чекорите кои треба да ги направите за да ја завршите започнатата задача, преправајте се дека си држите предавање (на самите себе) низ кое планирате како ќе го направите тоа. Ова ќе ви помогне да се сетите на неопходните информации и да ги избегнете глупавите грешки.

6. Раскажувајте си приказни

Раскажувањето приказни може да биде добра вежба за вашиот мозок. Прво, работите полесно се помнат бидејќи она што треба да се запомни, „присилно“ се става во поинаква рамка. Второ, ви дава шанса да се фокусирате на важните детали и да поврзете некое чувство со она што сакате да го запомните. Дури и ако не го правите ова за да си помогнете да ги запомните деталите, сепак ќе си ја подобрите меморијата со самото тоа што раскажувате приказни. Раскажувањето приказни се користи за третирање на Алцхајмерова болест. Доколку раскажувањето приказни може да му помогне на пациент со оваа болест да си го подобри помнењето, сигурно може да ви помогне и вам.

7 Уживајте во утринска прошетка

Светлината е моќно средство која ако ја користите на правилен начин може да ви ја наголеми енергијата и да ви даде добар фокус. Тајната лежи во правиот момент на излегување на светлина.

Утринското светло ја зголемува активноста на мозокот и будноста во комбинација со една шолја кафе. „Сината“ светлина која доаѓа од утринското небо го забрзува времето на реагирање и влијае на циркадијалниот ритам – внатрешниот часовник кој го контролира распоредот на спиење.

Сончевите зраци се најдобри наутро па добро е да ги искористите максимално придобивките од утринските прошетки. Доволни ви се само 15 минути дневно.


8. Навечер уживајте во мракот

Светлината е одлична наутро, но навечер може да предизвика сериозни проблеми. Кога се подготвувате за спиење најдобро е да не се изложувате на силната светлина која не доаѓа само од сонцето, туку и од екраните на вашите монитори и телевизори.

„Сината светлина“ која доаѓа од дигиталните средства го намалува произведувањето на мелатонин и го намалува квалитетот на сонот.

Токму затоа навечер најдобро е да избегнувате лаптопи, компјутери, телефони или едноставно намалете ја светлината на истите, доколку мора да ги употребувате.


9. Краткотрајно постење

Уште еден начин на кој можете да ја подобрите работата на мозокот е да се одлучите за краткотраен пост, односно да поминете неколку часови (од 12 до 16 часа) без храна.

Покрај тоа што ги согорувате масните наслаги вашите мозочни клетки стануваат поотпорни на стресот. Истражувањата покажуваат дека се подобрува автофагијата, односно мозокот побргу се ослободува од мртвите и непотребни клетки.


10. Испробувајте нови работи

Мозокот на глувците е шокантно сличен со човековиот, а истражувањата на нив покажуваат дека кога откриваат нови и неоткриени работи бројот на мозочни клетки им расте. Покрај тоа и самиот мозок станува посилен, меморијата станува подобра, учењето се одвива побргу и дури и мозочните удари се многу поблаги.

Оттука, важно е постојано да го активирате мозокот, да работите нешто возбудливо и секако секој ден да работите нешто креативно. Читајте. Сликајте. Пишувајте. Извршувајте ги оние креативни активности кои ви се допаѓаат. Така ќе го одржите мозокот во форма.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top