Еве како да се вработите доколку сте зависник од Фејсбук

edukacija-fb.jpg

Денот ви започнува и завршува со Инстаграм и Фејсбук. Се допишувате со пријателите, објавувате статуси и поставувате фотографии кои собираат илјадници лајкови. Ништо од ова не значи дека сте зависни, туку дека доста добро ги познавате овие социјални мрежи. Можеби мислите дека ова знаеење е непотребно, меѓутоа се лажете. Сето ова знаеење кое го поседувате би можело одлично да се наплати.

Редакцијата на Студенти.мк издвои 5 професии со кои би можеле да се занимавате доколку сте зависник од Фејсбук.

„Сошал медиа маркетинг менаџер“

Позади ова сложено име се крие совршено занимање за сите вас кои ги сакате социјалните мрежи, ги следите профилите на понатите и влијателни лица и брендови во тек сте со трендовите и не ви фали креативност.

Работата на „Сошал медија маркетинг менаџерот ќе биде да ја осмислува стратегијата за комуникации на разните брендови на сите социјални мрежи врз основ на анализата на податоците од успехот на претходните кампањи.

Во соработка со клиентот овој менаџер креира план кој бренд ќе се пласира на пазарот.

„Community менаџер“

Работата на  “community менаџер“ i „social media marketing менаџер“ луѓето чести ја мешаат. За разлика од дејноста која што претходно ја опишавме „community менаџер“ е тој кој доаѓа во директна комуникација со корисниците и поради тоа ова е совршена работа за сите вас кои саката да се допишувата и да оставате коментари.

Тој исто така има контрола над содржините и одговорите на прашањата на публиката во најкраток можен рок.

Додека „social media marketing менаџер“ ја шири својата заедница „community менаџер“ е тука да го одржи и зголеми задоволството на секој корисник.

„Event менаџер“

Доколку сакате да организирате и посетувате различни настани, од концерти, саеми, конференциии треба да размислите за кариера на „Event менаџер“

Доколку се одлучите за ова занимање ќе треба пред се да креирате Фејсбук настани, но важен дел од вашата работа ќе биде да објавувате есклузивни форографии, видеа и твитови директно од настаните на кои сте присутни.

Блогер

Ако една од вашите најчести активности и објава на статуси кои се премногу популарни, тогаш во вас дефинитивно се крие некој писател кој има потенцијал својот талент и харизма да го претвори во пари.

Графички дизајнер

Поголемиот дел од содржините кои ги наоѓате на Фејсбук е визуелна. Сликата и видеото се најчести и најефективно делуваат на следачите. Меѓу другото графички дизајнер е едно од најбараните и најплатените професии.

Доколку приметувате разлика во квалитетот на фотографиите кои се објавуваат на Фејсбук и имате идеја како би ги направиле подобри и би собрале повеќе лајкови и шерови, тогаш сте визуелен тип кој со помош на курс на илустратор би пронашал идеална работа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail