Еве како ќе изгледаат луѓето за 1.000 години? (ВИДЕО)

Човештвото сѐ уште еволуира, а еве што велат научниците каде ќе не однесе еволуцијата во следните 1.000 години.

Веројатно ќе бидеме повисоки. И во последните 130 години висината на луѓето се зголемила па така, на пример во 1880 година просечниот Американец бил висок 170 см, додека денес е висок 177 см.

Можно е луѓето да се спојат со машините кои ќе им го подобрат слухот, видот, здравјето.

И денеска постојат т.н. „бионички очи“ кои им помагаат на слепите лица да гледаат што ги развива Универзитетот во Орегон, САД. Оваа технологија еден ден би можела да им користи на луѓето да го видат она што се смета невидливо, како ралична бранова должина на светлината, како инфрацрвените и х-зраците. Вероатно, во иднина, вештачките, протетски изработки нема да се кристат само за лицата со хендикеп.

Сепак, нема да се менува само надворешниот изглед на човекот – нашите гени исто така ќе еволуираат на микроскопско ниво, со цел да се помогне нашиот опстанок. На пример, во едно истражување предводено од Универзитетот Оксфорд, откриени се гупа деца во Јужна Африка инфицирани со ХИВ-вирусот кои живеат здрав живот. Наодите покажале дека тие развиле одбрана која го спречува ХИВ да се развие во СИДА.

Покрај ова, со алатките за уредување на гените, како што е „CRISPR“, со време луѓето ќе можат да ги контролираат своите гени и ДНК до точка кога ќе можат да бидат отпорни на сите болести, па дури и да го спречат стареењето.

Друг начин да се влијае на човековата еволуција по сосема друг пат е дел од луѓето да се префрлат на Марс. Марс добива 66 проценти помалку сончева светлина од Земјата, што значи дека луѓето таму ќе развијат поголеми зеници за да апсорбираат повеќе светлина. Бидејќи гравитацијата на Марс изнесува само 38 проценти од земјината, луѓето родени на Марс би биле повисоки од било кој на Земјата.

Сепак, најголем домет кој луѓето би можеле да го достигнат за 1.000 години е – бесмртноста.

На патот до бесмртноста веројатно ќе треба свеста на луѓето  да се пренесе на  машините. Научници од Кина и Италија сега работаат на трансплантација на глава на животни со цел да се утврди дали свеста може да се „префрли“ од едно тело во друго. Тие тврдат дека следниот голем чекор е трансплантација на човечка глава.

Што и да се случи во следните 1.000 години – дали ќе се споиме со машините или ќе станеме како нив, едно е сигурно: човечкиот род постојано се менува, а колку побрзо се менуваме и се прошириме надвор од Земјата, толку се поголеми шансите да го избегнеме исчезнувањето.

Извор:  „Business Insider“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail