UKIM.jpg

Поради коронавирусот односно „ковид 19“ се затворени сите факултети во Македонија.

Надлежните институции предлагаат да се почитуваат мерките за заштита, односно да се остане дома, а доколку мора да се излегува обавезно да се носат маска и ракавици.

Македонските студенти се во своите домови, а ние ги прашаваме како ги поминуваат деновите во изолација.

„Времето во изолација го поминувам пред се со фокус на себеси. Се трудам секој дел од денот да ми биде исполнет и да се посветам на себеси. Правам работи за кои мислев дека немам време да ги правам. Во однос на факултетот, не ми ги промени плановите. Повеќе ми одговара предавањата да се оналјн преку интернет отколку секој ден да одам на факултет. Дали ми менува на добро или на лошо? Па, се зависи од мене и од начинот на кој сакам да ги променам работите. Тука е исклучиво сопствен избор. Бирам да менува на добро. Со самото тоа што седиме дома веќе правиме добро“ вели студентка од ФЕИТ.

Друга студентка вели дека има повеќе време за најмилите.

„Добро ми е дома, повеќе време поминувам со семејството. За полагањата ќе ми биде потешко затоа што ми се важни предавањата. Но, професорите ни помагаат и ни праќаат потребни материјали. Имам планирано да одам на работа во странство, ако остане ваква ситуацијата, мислам дека работата ќе ми одложи“ вели студентка од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Трета студентка раскажува дека со коронавурсот и се одложила и дипломската.

„Повеќе време поминувам во мојот роден град со семејството. Читам книги, одмарам, кога имам можност и вежбам. Ги почитувам мерките за заштита. Исто така подготвувам материјали за испити, професорите ни праќаат што ни е потребно. Се надевам за доброто на сите ова брзо ќе заврши. Јас требаше да дипломирам во септември, но поради короната можеби и ќе ми се одложи дипломирањето“ вели студентка од Природно – математичкиот факултет.

За потсетување, во Македонија првпат е воведена вонредна состојба, а и е воведен полициски час поради „ковид19“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail