Еве како се движат платите во европските земји

plata.jpg

За сите млади луѓе, да се најде работа по дипломирањето на факултет е важна задача.

Традиционално, првата работа е избрана за стекнување искуство, а не за задоволителна плата. Тоа сепак не е сосема така за оние кои успеваат да најдат работа во некои од европските држави, во кои годишната почетна плата е над 40 000 евра годишно или повеќе од 3.000 евра месечно.

Според Willis Towers Watson, почетната плата на Стариот континент варира значително. Разликата меѓу некои е над 2500 евра. Највисоките плати остануваат во северните европски земји.

Повеќе од 4.000 евра се првичните плати во три земји во Европа, покажуваат податоците. Тоа се Норвешка, Данска и Швајцарија. Нивните просечни годишни плати се над 49.000 евра.

Еве токму во кои земји просечните почетни плати се највисоки:

12. Франција – € 34,395 годишно / над 2800 евра месечно

11. Ирска – 35.203 евра годишно / над 2900 евра месечно

10. Финска – 38.024 евра годишно / над 3100 евра месечно

9. Шведска – 38 724 евра годишно / над 3 200 евра месечно

8. Холандија – 39.116 евра годишно / над 3250 евра месечно

7. Австрија – 41.000 евра годишно / над 3400 евра месечно

6. Белгија – 41 637 евра годишно / над 3460 евра месечно

5. Луксембург – 45 759 евра годишно / над 3800 евра месечно

4. Германија – 46.556 евра годишно / над 3870 евра месечно

3. Норвешка – 49.042 евра годишно / над 4.000 евра месечно

2. Данска – 51.762 евра годишно / над 4300 евра месечно

1. Швајцарија – 78.980 евра годишно / над 6500 евра месечно

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail