vestacka-intelegnciiiiiiiiiiiiijaaa.png

Досега со помош на вештачката интелигенција беа направени џез нумери, но ова е прв пат вештачката интелигенција да направи поп песна.

Познато ни е дека вештачката интелигенција, полека но сигурно се повеќе се применува за најразлични работи ширум светот, а сега се чини дека е „оспособена“ да прави сосема добри поп песни.

Познато е дека вештачката интелигенција досега имаше успеано да направи џез нумери, а ова е прв пат кога со помош на оваа технологија која што секојдневно станува се понапредна, направена е поп песна.

Првата песна насловена како Daddy’s Car е весела песна која според многумина потсетува на некоја песна на популарниот бенд Битлси. Втората песна е насловена како Mr Shadow.

Системот анализира голема база со песни и потоа прави песна слична на некој правец. Но, сепак, сето тоа го прави со „мала“ помош од човекот. Имено, за двете песни, човек го напишал аранжманот и стиховите.

Сепак, компанијата Sony планира до 2017-та година да објави цел албум со песни направени со помош на вештачката интелигенција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail