Еве кога јајцата се ОПАСНИ!

jajcaaa.jpg

Ако веќе еднаш сте ги извадиле јајцата од фрижидер, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ФРЛЕТЕ ГИ!

Дознајте после колку време стануваат опасни! Ако јајцата ги чувате подолго од 2 часа надвор од фрижидер, веднаш фрлете ги во ѓубре! Задолжително фрлете ги јајцата кои сте ги чувале во фрижидер, а потоа сте ги оставиле на собна температура подолго од 2 часа.

Откако еднаш ќе се олади во фрижидер, многу е важно да го држите константно на иста температура, бидејќи во спротивно може да биде опасно по вашето здравје. Ладното јајце во топло опкружување почнува да се „поти“, а тоа го поттикнува размножувањето бактерии на надворешната страна. Со оглед на тоа дека лушпата од јајцето е порозна, бактериите може да продрат во внатрешноста на јајцето и да го заразат.

За да спречите било какви нагли температурни промени, чувајте ги јајцата во најладниот дел од фрижидерот, никако на вратата. Поголеми се шансите дека често ќе доаѓа до температурни промени, поради често отварање на вратата.

Ако добиете јајца кои не се измиени и цело време биле на собна температура, тогаш нема потреба воопшто да ги ставате во фрижидер. Но, ако одлучите да ги измиете, задолжително ставете ги во фрижидер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail