Еве кои се најдобрите универзитети во светот

sangajska-lista.png

Шангајската листа е рангирање на најдобрите универзитети во светот кое се објавува од 2003 година наваму и зема предвид 6 критериуми за да се направи разлика меѓу 500 универзитети од вкупно 1.200, колку што се вкупно регистрирани во светот. Меѓу критериумите се бројот на добитници на Нобелови награди, бројот на истражувачи кои најмногу се споменуваат во своите дисциплини и бројот на објавени трудови во списанија како Science и Nature.

Консултантската компанија која ги објавува резултатите ги опишува критериумите како најдоверливи, но многу европски експерти велат дека критериумите се фокусирани на истражувањето и на природните науки, со што се губи видливоста на хуманистичките и на општествените науки.

Американските универзитети и годинава ја задржаа доминацијата на Шангајската листа со најдобри универзитети во светот. Меѓу првите десет универзитети на листата се:

    1. Универзитет Харвард (САД)
    2. Универзитет Стенфорд (САД)
    3. Универзитет Кембриџ (Обединето Кралство)
    4. Институт за технологија во Масачусетс (МИТ) (САД)
    1. Универзитет на Калифорнија – Беркли (САД)
    2. Универзитет Принстон (САД)
    3. Универзитет Оксфорд (Обединето Кралство)
    4. Универзитет на Колумбија (САД)
    5. Институт за технологија на Калифорнија (САД)
    6. Универзитетот на Чикаго (САД).

    Кога станува збор за универзитетите од регионот, Универзитетот во Белград е најдобро рангиран во групата меѓу 201-вото и 300-тото место. Универзитетот во Љубљана е во делот меѓу 401. и 500. место, додека на листата нема универзитети од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и од Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail