Еве кои се реалните плати во Германија

germanija.jpg

Спротивно на популарното чувство, средната класа во Германија не се топи. Во последните десетина години уделот на средната класа во вкупниот број на населението останува стабилен: помеѓу 50 и 80%, во зависност од поставените параметри. Во споредба со 1996 година денес доста повеќе луѓе тврдат дека припаѓаат на средната класа. Оттогаш нивниот број се зголемил од 47% на 57%, пишуваат од Дојче Веле.

Скептиците сметаат дека овие анкети пресоздаваат искривена слика на општеството, бидејќи дел од испитаниците не сакаат да признаат дека припаѓаат на работничката класа. Но констатацијата дека средната класа во Германија продолжува да е многубројна, се поддржува не само од анкетите, туку и од статистиката.

Во 2014 година просечниот чист месечен приход на едночлено домаќинство изнесувал 1760 евра. На оваа основа може да се каже дека кон средната класа припаѓаат сите едночлени домаќинства кои добиваат меѓу 1410 и 2640 евра. За семејство со две деца износот е околу два пати повисок: помеѓу 2950 и 5540 евра месечно.

Во оваа група припаѓаат околу 40 милиони Германци, односно – половина од населението на земјата. “Столбот” на средната класа се квалификуваните работници, но во неа влегуваат исто така обични вработени и пониско квалификуваните работници. Кон средната класа припаѓаат и половина од вкупно 17-те милиони пензионери во Германија.

Еве ја точната структура на приходите во Германија:

Релативно сиромашни луѓе (16%) – приход под 1050 евра месечно за едночлено домаќинство

· Долна средна класа (16%) – доход 1050-1410 евра месечно за едночлено домаќинство

· Средна класа (48%) – 1410-2064 евра за едночлено домаќинство, 2950-5540 евра за четиричлено домаќинство

· Горна средна класа (16%) – 2640-4400 евра месечно за едночлено домаќинство

· Релативно богати (4%) – приход над 4400 евра месечно за едночлено домаќинство

Германското социјално министерство исто потврдува дека средната класа во земјата е стабилна. Ова се тврди во уште неофицијалниот текст на редовниот извештај за богатството и сиромаштијата во земјата. Во исто време, во извештајот се изразува загриженост поради некои тенденции внатре во средната класа. Луѓето од оваа класа не се погодени од сиромаштијата, но и покрај тоа се многу чувствителни на овој општествен феномен и се плашат да не се свлечат кон сиромаштија. Но како што истакнува Министерството, “чувството за распределбата на богатството во општеството не одговара на фактичката состојба”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail