Еве колку чини час работа во Германија

germanija-1.jpg

Вчера објавивме дека на Германија и недостасуваат милион работници пред се квалификуван кадар, но дали знаете колку плаќаат за час ?

Според најновите информации на германските служби ветената земја догодина би требало да ја зголеми минималната плата на 9,19 евра по час.

Подоцна, во 2020 , минималецот би требало да изнесува 9,35 евра е планот на комисијата која ја именувала Владата во Германија. Со тоа би се отворил патот за зголемување на личната потрошувачка во најголемата европска економија.

Владата на канцеларката Ангела Меркел воведе во 2015 година минимална заработка на ниво на државата од 8,50 евра по часа, и со тоа беа опфатени повеќе од три милиони работници. Последниот пат нејзиниот износ е зголемен лани, исто така на препорака на комисијата, на сегашните 8,84 евра по час.

Се очекува владата да ја прифати препораката на стручната комисија. Планот и е да се ангажираат дополнителни инспектори кои ќе проверуваат дали компаниите ја почитуваат одредбата за минимална плата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail