Еве колку заработуваат манекенките од една ревија

viktorija-sikret.jpg

Манекенките кои прошетаа по пистата на модната ревија на брендот ” Victorias Secret “, не само што се најпопуларни, туку се и најплатени.

Се проценува дека вкупното богатство на манекенките од ревијата што пред два дена се одржа во Париз изнесува неверојатни 245 милиони долари. Многу од нив се наоѓаат на врвот на листата на Форбс на највисоко платени модели, со годишна заработка до 10,5 милиони, а голем дел од нив успеале титулата на милионеркида ја стекнат пред нивнот 21 роденден.

На врвот на листата на најплатени модели на Форбс е Андриана Лима, со заработка од неверојатни 75 милиони долари.

Следна е Алесандра Амбросио со 60 милиони евра, додека Кинеската убавица Лу Вене трета на листата со 35 милиони долари. Очигледно, овие ветеранки имаат сериозна конкуренција од младите Кендал Џенер (21) која досега заработила 18 милиони и нејзината врсничка Џиџи Хадид, со 13 милиони.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top