Еве што му прават шеќерите на вашето тело

shekjer-520x346.jpg

Поттикнува воспаленија

Не случајно докторите предупредуваат да не внесуваме многу шеќер додека сме на антибиотици. Шеќерот создава поволна средина за размножување на бактериите и појава на воспаленија, акни, па дури и артритис.

Го забрзува стареењето

Живееме во време кога акцентот е ставен на естетиката и на тоа како изгледаме од надвор. Токму шеќерот е најголем непријател на изгледот на кожата. Повишеното ниво на шеќер во крвта го врзува колагенот одговорен за еластичност и младолик изглед на кожата.

Проблеми со срцето и појава на дијабетес

Последните истражувања покажаа дека јаглехидратите и шеќерите најмногу влијаат на зголемувањето на холестеролот, што е главен причинител за кардиоваскуларни заболувања и појава на дијабетес.

Ментални состојби

Докажано е дека шеќерот влијае на одредени ментални состојби, како на пример депресија, анксиозност, а во некои случаи и шизофренија. Ова се должи на фактот дека шеќерот го намалува излачувањето на хормони кои имаат врска со одредени психички состојби и процесите на учење и памтење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail