Еве што се случува кога астероид ќе удри во Земјината атмосфера

Иако шансите за катастрофален удар од астероид се мали, познато е дека низ вселената патуваат милиони разни објекти, па повторен удар, сега или подоцна е неизбежен.

Тоа е причината зошто научниците од НАСА со помош на суперкомпјутери создаваат 3D симулации кои би требало да помогнат во предвидувањето, како еден астериод би се однесувал еднаш откако ќе влезе во Земјината атмосфера.

Во склоп на проектот се водат и симулации во голема мера, како експлозијата на астероид нас Челјабинск, а кои откриваат драматичен флуиден тек на вселенските карпи кои се топат и исчезнуваат додека брзаат кон површината. Научниците од проектот за проценка на астероидните закани на НАСА, користеле суперкомпјутер со цел да ги симулираат потенцијалните удари од астероиди во разни големини.

Меѓу нив е и астероидот од Челјабинск кој кршел прозорци и нанел оштетувања на зградите и до стотина километри од местото каде експлодирал над Русија. При ударот беа повредени повеќе од 1 200 лица.

Симулацијата покажува огнена трансформација на тој астероид додека проаѓал низ атмосферата. Се топел, претворал во пареа и на крај се распаднал. Во симулацијата астероидот влегол во атмосферата со брзина од 72.400 км/ч.

Ударниот бран на високиот притисок може да се види во црвена, портокалова и жолта боја додека ја заокружува вселенската карпа.

Видливи се парчиња кои се откинуваат. Иако изгледаат ситни, тие парчиња можат да резултираат со големо уништување. “Дисперзираните парчиња (црно) во себе носат поголем дел од енергијата и создаваат опасни ударни бранови и термална радијација на Земјата”, објаснува НАСА.

Ваквите симулации се дел од константните проучувања и припреми на НАСА за евентуален удар од астероид.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail