Еве во кои земји има најмногу вработени во државната администрација

Role-of-Administration-in-Management.png

Скандинавските држави имаат најполн владин сектор во светот, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), цитирани од Statista.com.

ОЕЦД вели дека бројот на вработени во владиниот сектор се определува од многу фактори, како што се видот на извршените од него активности и начинот на кој тој ги обезбедува јавните услуги. Тоа значи дека некои земји се многу позависни од вработените во јавниот сектор, отколку други.

Скандинавските држави пример се многу зависни од работата на владата, додека во Азија уделот на вработените во владиниот сектор е мал.

Во 2015 година 30% од вкупната работна сила на Норвешка е зафатена во јавниот сектор. Данска е на второ место со 29,1%, следена од Шведска и Финска со соодветно 28,6 и 24,9%.

Од другата страна на Атлантикот државниот сектор претставува 15,3% од работната сила во САД и 18,2% од вкупниот број работници во Канада.

Истовремено во Јужна Кореја во јавниот сектор се вработени 7,6% од работната сила, а во Јапонија – само 5,9%.

download

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail