Еве зошто е добро да се пости, дури и само на еден ден !

post5.jpg

Зборот пост на сите оние кои не постат им влева извесна доза на стравопочит. Оние кои никогаш во животот не постеле сметаат дека во текот на постењето се чувствува омалаксаност и се губат килограми. Од друга страна, оние кои редовно постат знаат дека работите стојат сосема спротивно. Постот влева една нова енергија.

Иако слабеењето е една од последиците на постот, таа не претставува целта за започнување со постењето. Вистината е дека свесното одрекување од штетната и калорична храна позитивно влијае на целиот организам.
Еве кои се сите благодети од Велигденскиот пост.
Постот е процес со чија помош телото се опоравува од преработката на секогаш новата количина на хранливи состојки.
Постот претставува внатрешно чистење од токсини на недоволно сварена храна кои се таложеле со текот на времето. На овој начин, наталожените отрови излегуваат од организмот преку бубрезите.
Постот  претставува одлична терапија за излечување на заболувањата поврзани со консумирањето на нездрава храна, како што се дијабетесот, акните и алергиите.
Постот гарантира и надворешна убавина. Кожата станвуа посјајна и порозева од вообичаено.
Постот ја пречистува душата. На површината излегуваат потиснатите мисли и чувства кои можат да бидат од пријатен и непријатен карактер. Со оглед на тоа што проблемите конечно излегуваат на виделина – ова е моментот кога може да најдеме јасен увид за нивното разрешување.
Постот е почеток на патот кон духовно просветлување. Некои од најважните филозовски дела и четива настанале во периодот на постење.
Постот ја зајакнува кондицијата. Доколку телото се остави малку да одмори од тромавоста причинета од тешката храна, тоа ќе ослободи скриена внатрешна сила која ќе ве обнови. Оваа енергија е многу поефикасна од таа која се добива директно од храната.
Во текот на постот никако немојте да се одрекувате од спорт и вообичаен тренинг. Спротивно на интуицијата, овие моменти се најпогодни за поинтензивни физички активности. Без снага можете да останете само ако останете цело време приковани за креветот.
ДАЛИ Е ИСПЛАТЛИВО ДА СЕ ПОСТО САМО 1 ДЕН?
Организмот барем во тој, буквално еден ден, станува ослободен од варење и преработка на храна. Притоа, се губи околу половина килограм на тежина, но не маснотии, туку само вода. И најважно од се е тоа што телото се чисти од токсини.
Еден ден пост е особено корисен после раскошна гозба, на која што се јаде и пие поголемо количество на храна. Едноставно, гладувањето е најдобар лек за обновување на организмот.
Луѓето кои имаат проблем со тежината, но не можат да бидат на нискокалорична исхрана можат многу да користат од само еден ден пост неделно!
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail