Еве зошто Индија ќе стане помоќна од Кина

indija-i-kina.jpg

Во последните неколку децении не може да се зборува за прашањата на глобалната економија без да се спомене Кина. И покрај забавувањето на растот на земјата, таа останува со најголем придонес во светот според растот на светскиот бруто-домашниот производ (БДП). Сепак, според извештајот на „Deloitte“, наскоро Кина ќе биде надмината од Индија.

Во документот наречен „Ageing Tigers, hidden dragons“ се вели дека веќе постои трет бран на економски раст од Азија. Првиот беше предводен од Јапонија во 1990 година. Вториот, кој тргна од Кина, веќе е пред својот крај и го отстапува своето место на третиот, кој доаѓа од Индија.

Според експертите тој ќе биде главно поддржан од остриот скок на бројот на работници во земјата од Јужна Азија.

Во следната деценија, индиското население кое е во работоспособна возраст, ќе се зголеми за 115 милиони луѓе. Тоа е повеќе од половина за цела Азија – 225 милиони луѓе. За две децении, работната сила ќе се зголеми на 1,08 милијарди луѓе. Но, не само тоа ќе и помогне на земјата да стане лидер.

„Новите работници ќе бидат многу подобро обучени и поквалификувани од сегашните“, велат од Deloitte.

Во меѓувреме, населението во работоспособна возраст во Јапонија ќе се намали за повеќе од 5 милиони луѓе во следните 10 години, додека во Кина – за вкупно 21 милион луѓе. Резултатот ќе биде таков, што индиското работоспособно население ќе излезе пред кинеското.

Главната причина за ова е дека нацијата старее а тоа ќе го намали нејзиниот потенцијал. Иако политиката за едно дете во семејство беше прекината, нејзините ефекти се уште се чувствуваат. Наскоро во земјата, луѓето во работоспособна возраст ќе биде помалку од досега.

Токму поради оваа политика кинеското населението ќе старее побрзо од било каде на други места во светот. Како резултат на тоа, Кина нема да ги почувствува придобивките од двоцифреното темпо на раст во последниве години.

Покрај Индија, од оваа ситуација, исто така, ќе имаат корист и други азиски земји, како Индонезија и Филипини.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top