Еве зошто Санкт Петербург е најдобра културна дестинација

sankt-peterzburg.jpg

Рускиот убавец неодамна според изборот на порталот World Travel Awards е прогласен за најдобра културна дестинација во светот.

Санкт Петербург, град важен за историјата на земјата и втор град по големина во Русија е релативно е млад. Тој е основан во почетокот на 18. век. За неговото настанување е заслужен царот Петар Велики, кој го изградил и прогласил за престолнина, што и остана се до Октомвриската револуција.

На поканата на царот во градот пристигнале најдобрите архитекти од цела Европа, кои го изградиле еден од најмодерните и најубавите градови. Многу градби потсетуваат на оние во Париз, затоа што царот „беше луд“ по главниот град на Франција.

Благодарение на сето тоа, градот наскоро ќе биде украсен со голем број цркви, палати и музеи, а со падот на Советскиот Сојуз од година во година се зголемјува и бројот на посетителите.

Доколку планирате да го посетите овој убав град, не смее да ги пропуштите следните знаменитости:

Казанската катедрала

Ова ремек дело на неокласицизмот, потпишано од архитектот Андреј Вороникхин не треба да се прескокне. Изградена во 19. век за време на комунизмот служеше како музеј, но првобитната намена и е вратена е во 1992 година.

Александрискиот театар

Можете да му се восхитувате и од надвор, но препорака е да се купите билет за балет и опера и да го доживеете овој театар во целосно светло.

Гробиштата Тикхвин

Русија на светот му даде голем број уметници, а некои од најславните како што се Достоевски, Набоков и Чајковски, живееле во Санкт Петербург. Тука на крајот и се закопани, па може да им се оддаде почит на гробиштата Тикхвин.

Музејот Кунсткамера

Посетете го најстариот музеј во Русија, кој во 1714 година го основа царот Петар Велики. Се работи за Музејот за етнологија и антропологија, кој е полн со необични експонати.

Бели ноќи

Доколку патувате во јуни, не го пропуштајте Фестивалот на белите ноќи. Поради неговата локација во јуни во градот речиси и нема темница, а од мај до јули се одржува Фестивалот полн со концерти, огномети….

Релаксирајње во „Марсовиот парк“

Паркот наречен по римскиот бог на војната, сместен е во самиот центар на градот. Се работи за зелена оаза, а единствен проблем е тоа што кога еднаш ќе се дојде во него, можеби повеќе нема да сакате да си одите од него.

Крстосувачот Аурора

Научете се за руската воена историја во музејот кој се наоѓа внатре во бродот Аурора. Овој воен брод се наоѓа на реката Нева.

Ермитаж

Тој е еден од најславните и најголемите светски музеи, кој своето место го најде во Санкт Петербург. За него навистина не треба да се трошат зборови, затоа што ако одите во Санкт Петербург и не го посетите Ермитаж, тоа е како да сте во Рим, а да не посетите Колосеумот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top