Еве зошто Стив Џобс им забранил на своите деца да користат Ајфони

stiv-1-640x480.jpg

Додека бил на чело на компанијата Apple, Стив Џобс им бранел на своите деца да поминуваат голем дел од денот со iPhone и iPad во рацете.

Во нивниот дом постоела дури и вистинска забрана според која ноќе и за време на викендите не смееле воопшто да се вклучуваат овие гаџети.

И се чини дека и други големи играчи во светот на технологијата почнале да го применуваат истиот рецепт затоа што најверојатно знаат нешто што не знаеме ние.Истражувањата покажале дека децата помали од 10 години многу лесно ја прифаќаат новата технологија и дека уште полесно можат да станат зависни од неа.

Значи Стив Џобс бил потполно во право децата не би смееле да користат таблети подолго од половина час дневно, а со мобилните телефони таа граница изнесува два часа. Децата помеѓу 10 и 14 години можат да ги користат ама само како дигитрон.Родителите наместо да им купуваат на децата вакви скапи играчки, времето можат да го минуваат со нив и да разговараат за историја, за литература, за спорт, за музика.

Колку почесто го прават ова, толку е полесно детето да расте без зависност од технологијата.Ете , толку е едноставно, ако може Стив Џобс, можете и вие.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail