evn.jpg

За нас

ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата, која на македонскиот пазар влезе во 2006 година. Најважна цел за ЕВН Електродистрибуција е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.

КАРИЕРА ВО ЕВН

За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации

 .NET ПРОГРАМЕР  (М/Ж) 

Опис на работните задачи

Анализа на кориснички барања  Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија  Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија  Креирање техничка документација и документирање на изворен код

Потребни компетенции

  • Одлично познавање на Visual studio.NET (C#, ASP.NET Web forms, MVC, Integration and Reporting Services)
  • Познавање на релациони бази на податоци: Oracle (SQL, PL/SQL), SQL Server (T-SQL)
  • Познавање на JavaScript, JQuery, HTML, CSS и XML  Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа
  • Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работ

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • Високо образование – Информатика
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Пожелно е познавање на Германски јазик
  • Работно искуство најмалку 2 години
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим

Ги очекуваме Вашите апликации на jobs.evnelektrodistribucija@evn.mk на електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail