ЕВН вработува програмер

evn.jpg

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации

.NET и ANGULAR ПРОГРАМЕР (М/Ж)

Опис на работните задачи

Анализа на кориснички барања Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија Креирање техничка документација и документирање на изворен код

Потребни компетенции

Одлично познавање на Visual studio.NET (C#, ASP.NET Web forms, MVC, Integration and Reporting Services) Одлично познавање на Angular, Bootstrap, Web API, Web Services Познавање на релациони бази на податоци: Oracle (SQL, PL/SQL), SQL Server (T-SQL) Познавање на JavaScript, JQuery, HTML, CSS и XML

Потребни квалификации и лични карактеристики

Високо образование – Информатика Одлично познавање на Англиски јазик, пожелно е познавање на Германски јазик Работно искуство најмалку 2 години Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим

Ги очекуваме Вашите апликации на jobs.evnelektrodistribucija@evn.mk на електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top