SAP ЕКСПЕРТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ (М/Ж)

EVN-OBJAVUVA-OGLAS-ZA-PRAKTIKANTSKA-RABOTA.jpg

ЕВН ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

КАРИЕРА ВО ЕВН

SAP ЕКСПЕРТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ (М/Ж)

Опис на работните задачи

Профсионална поддршка на домашни и меѓународни проекти во рамките на ЕВН групацијата. Анализа, спецификација, концепција и оптимизација на IT проекти од областа на Business Intelligence Управување со кориснички барања во рамките на деловните Оддели

Развој, модификација, одржување и поддршка на custom извештаи

Осигурување на систем на квалитет и негово документирање (креирање и одржување на техничка документација за различни системи, услуги и бизнис процеси вклучувајќи ги датабазите и процедурите за извештаи)

Помош при прегледување, консолидирање и намалување на разликите во податоците Лоцирање и дефинирање нови можности за подобрување на процеси

Соработка со екстерни компании за поддршка и одржување, спецификација на барањата, надзор на развој, како и тестирање и интеграција со други апликации.

Обучување на крајни корисници

Потребни квалификации и лични карактеристики

Докажано работно искуство како data/reporting аналитичар Техничко искуство со податочни модели

3-5 години искуство во развој, прилагодување и имплементација на BI алатки (познавање на SAP BI/BW ќе се смета

за предност)

Искуство во пишување на упити, креирање на извештаи и презентирање на резултати Познавање на процесите на деловните Оддели

 

Компетенции

Интеграција на информации од различни податочни извори

Силни аналитички вештини со способност за собирање, организирање, анализа и дистрибуирање на значајно ниво на информации со прецизност и внимание на деталите

Насоченост кон резултати

Висока организираност

Фокус на одлична интерна и екстерна комуникација со клиенти

Способност за менаџирање на повеќе проекти од различни функционални области истовремено

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [email protected] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

 

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси

www.evn.mk, [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail