Европска еднаквост меѓу жените и мажите

francuski-institut-680x365_c.jpg

Францускиот институт во Скопје во вторник, 9 мај, во 19 часот, во ЕУ инфо-центарот организира предавање и дебата на тема „Еднаквоста меѓу жените и мажите според Советот на Европа“.

Предавањето ќе го одржи г-ѓа Ан Негр, експерт во Советот на Европа, доктор на науки и адвокатка. Предавањето е со симултан превод.
Воедно, ќе биде поставена изложбата на фотографии на Милан Стрезовски, насловена како „30 портрети на жени коишто се борат за женските права“.
Со цел промоција на родовата рамноправност и заштита на женските права, на 8 март 2017, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, советничка за соработка и култура во Амбасадата на Франција и директорка на Францускиот институт во Скопје им даде збор на жените од Македонија, по повод Меѓународениот ден на женските права.
Проектот има за цел да ги истакне заложбите на жените кои преку нивната постојана активност, секоја во своето поле на делување ги менуваат стереотипите, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail