„Европска стартап недела 2017“ во Скопје

16406750_1642878922682974_8801483080154914958_n.jpg

Во текот на наредната недела, Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави ќе биде дел од „Европската стартап недела 2017“- можност за промоција и поддршка на македонската стартап заедница. Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис. Дел од настанот ќе бидат успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации кои се клучни за поддршка на новите стартап бизниси. Оваа година во Скопје како ко-организатори се јавуваат: Бојана Трајковска, Виктор Дано, Анета Палевска, Илија Вучков, Игор Маџов, Јулиа Мицевска, Зоран Настески и Елена Јовевска.

„Европската недела на стартапи“ ќе започне на 6-ти фебруари, а ќе трае до 10ти фебруари, на повеќе локации во Скопје и со неколку ко-организатори.

Настанот е со поддршка од ЕУ, збогатен со секојдневни работилници и предавања, а завршната конференција ќе се одржи на 10.02 во ЕУ инфо центарот со почеток во 12:00, каде што ќе бидат присутни и членови на Европската делегација.

Мотото на организаторите оваа година е- „Стартапи од цела Македонија, обединете се“!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail