Европската Комисија одлучи: Од 2021 година се укинува поместувањето на часовникот

daylight_saving_time_t658.jpg

Со 23 гласа „за“ и 11 „против“, во Европската Комисија во Брисел се изјаснија дека го прифаќаат предлогот за укинување на промената од лeтно на зимско сметање на времето и обратно.

Иако поместувањето на стрелките на часовникот требаше да биде укинато во 2019 година, сепак, неколку земји членки на ЕУ побараа уште малку време како подготовка.

Според планот на ЕК, секоја земја членка може сама да одлучи во која временска зона ќе остане, и тоа државите треба да го соопштат до 2020 година.

Европскиот парламент за укинување на промената на времето на пленарна седница ќе расправа и гласа најверојатно на крајот на март.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail