Европски совет за храна: Намирници кои никако не смее да ги подгревате, можат да бидат опасни и канцерогени

Evropski-sovet-za-hrana-Namirnici-koi-nikako-ne-smee-da-gi-podgrevate-mozat-da-bidat-opasni-i-kancerogeni.jpg

Европски совет за храна: Намирници кои никако не смее да ги подгревате, можат да бидат опасни и канцерогени

Европскиот совет за исхрана предупредува дека не е добро да загревате претходно приготвени јадења. Тоа може да доведе до непосакувани последици и тоа е причината поради која некои видови бактерии многу брзо се размножуваат при собна температура од 5 до 65 степени целзиусови.

Како резултат на тоа, зголемениот ризик од труење со храна и појава на разни проблеми во дигестивниот систем се појавуваат во човечкиот организам.

Многумина не знаат кои производи не смеат да ги загреваат, затоа мора да се направи листа на храна која што не смее повторно да се враќа во рерна откако истата ќе се приготви.

1. Ориз

Доколку оризот повторно го изложите на висока температура, може да предизвика труење со храна. Идеално е да се јаде веднаш по подготвувањето и никако да не го ставате во фрижидер и да го јадете во наредните 24 часа.

2. Компир

По загревањето компирот ги губи своите хранливи својства, а освен тоа тој содржи и супстанци кои што може да предизвикаат симптоми слични на труење доколку повторно се загрее.

3. Целер

Иако многу од луѓето го јадат свеж, оние кои што го подготвуваат на висока температура мора да знаат дека не смеат да го загреваат затоа што постои ризик од труење со храна. Факт е дека целерот содржи нутрени кои што под влијание на топлина се штетни по здравјето.

4. Пилешко месо
Поради салмонелата, се препорачува консумирање на добро термички обработено пилешко месо. Доколку го загревате ова месо истото може да предизвика надразнување на желудникот по негово консумирање.

5. Печурки

Не се препорачува и подгревање на печурките затоа што може да предизвикаат дијареа. Исто така оставање на печурките на собна температура може да биде исклучително опасно.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail