ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје објавува ЕРАЗМУС+ КОНКУРС ЗА МОБИЛНОСТ 2019/2020

eurm.jpg

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје

објавува

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ, НАСТАВЕН И АДМИНИСТРАТИВЕН  КАДАР

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Европски Универзитет, распишува конкурс за доделување стипендии за студенти, наставен и административен кадар за престој на високообразовните институции низ Програмските земји.

Право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година  на студии како и студентите на втор циклус на студии.

  • Времетраење на мобилноста за студенти:

од 3 месеци до 12 месеци

  • Времетраење на стажирање за студенти:

од 2 месеци до 12 месеци

  • Времетраење на мобилноста на наставниот кадар:

1 недела (до 5 работни денови)

  • Времетраење на мобилноста на административен кадар:

1 недела (до 5 работни денови)

 

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите.

 

Потребни документи за мобилност на студенти:

  • пополнет формулар за пријавување;
  • договор за студирање (Learning agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус координаторот и согласно  компатибилноста на студиската програма, со факултетот во странство;
  • уверение за положени испити
  • познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот;
  • уверение за редовен студент-  запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model)

Висината на стипендијата за студентите изнесува 470-620 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува.

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Потребни документи за мобилност на кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

  • Staff Application Form;
  • Покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
  • Staff Mobility Agreement for Teaching
  • Кратка биографија

мобилност за административен кадар:

  • Staff Application Form;
  • Покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
  • Staff Mobility Agreement for Teaching;
  • Кратка биографија

 

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави Комисија согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, писмо за мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ грант.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Институционалниот Еразмус+ координатор м-р Верица Најдовска во канцеларија број 321.

Преземете Пријава :

Пријава наставен/административен кадар Erasmus+

Пријава за студенти Erasmus+

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail