Евтин извор на енергија: Батерија напојувана од бактерии

vest_2_495x495399.jpg

Научници развиле батерија на парче хартија која се напојува од бактерии, за која велат дека може да биде евтин извор на енергија кој лесно би се произведувал и би се користел во медицинските сензори, особено во далечните региони кои се подалеку од цивилизацијата.

Овој тип на батерии се познати како био-батерии и моќта ја генерираат од органски соединенија – во овој случај, од вообичаените бактерии кои се наоѓаат во отпадните води. Хартиениот дизајн е дел од новото истражувачко поле наречено “papertronics”, т.е „хартија-троника“, фузија помеѓу хартијата и електрониката.

За да ја направат батеријата истражувачите поставиле лента од сребро нитрат на парче хроматографска хартија (која може да раздвојува разни хемикалии и супстанци) и ја премачкале со тенок слој восок за да креираат катода – позитивната електрода на батеријата.

На другата страна од хартијата тие направиле резервоар од кондуктивен полимер, кој се однесува како анода (негативната електрода) и кој се исполнува со неколку капки од отпадната вода која содржи бактерии. Кога хартијата е превиткана така да катодата и анодата доаѓаат во контакт, батеријата се напојува од бактерискиот метаболизам, процес познат како целуларна респирација.

Моќноста зависи од количината на хартијата и како е превиткана, а за да се генерира доволно моќност да се напојува една сијалица од 40 вати би биле потребни милиони хартиени батерии. Тоа значи дека технологијата ќе треба значително да се усоврши со цел со неа да се напојуваат конвенционалните електронски уреди, но ваква каква што моментално е, е доволна да напојува едноставни биосензори како што се оние за мерење на нивото на гликоза во крвта кај дијабетичарите, или за детектирање на патогени тела кај пациенти.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top