facebook-e1516701766426-591x385.jpg

A man is silhouetted against a video screen with an Facebook logo as he poses with an Samsung S4 smartphone in this photo illustration taken in the central Bosnian town of Zenica, August 14, 2013. REUTERS/Dado Ruvic/File Photo

Откако Facebook претходно беше присилен да изгасни две апликации кои собирале големи количини податоци за истражување на пазарот, компанијата подготвува нова апликација преку која ќе ги наградува корисниците за доброволните повратни информации.

Новата апликација за истражување на пазарот е наречена Viewpoints, а ветува компензиација за исполнување на прашалници и други задачи. Корисниците ќе можат да заработат до 600 долари годишно, а парите ќе им бидат проследени преку PayPal услугите кога ќе соберат одредне број бодови остварени со учество во програмата. Деталите за бодувањето уште не се објавени, но се знае дека некои награди нема да имаат парична вредност.

Facebook апликацијата ќе ја користи за многу повеќе од самото истражување. Од корисниците може да се бара да вршат некои задачи, да демонстрираат производи или да помогнат во подобрувањето на технологијата за вештачка интелигенција како што е снимање на изговорот на имиња за да се унапреди препознавањето глас или означување фотографии со цел препознавање на фотографии.

Уште не е јасно за какви останати задачи станува збор и дали од корисниците ќе се бараат навиките на сурфање или користење на апликации. Во условите за користење е наведено дека апликацијата може да собере податоци од мобилните телефони на корисниците, вклучувајќи го видот на пребарувачот и податоците за локацијата.

извор: Иновативност

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail