Facebook стартуваше филтер за лажни вести во Германија

facebook-germany-fines-fake-news.jpg

Лажните вести, особено на Facebook, дојдоа во центар на внимание особено по изборите во САД во ноември минатата година. Доста се зборуваше за улогата која лажните вести може да ја одиграат во престедателските избори, како и одговорноста на Facebook затоа што не спречи тие да се прошират на социјалната мрежа. Адвокатите во Германија неодамна изразија загриженост поради ширењето на лажните вести, а Facebook брзо реагираше стартувајќи филтер за лажни вести во земјата.

Facebook сега ќе почне со пријавување и брза проверка на лажните вести во Германија во наредните неколку недели. Компанијата и претходно стартуваше вакви алатки во САД како соработка со невалдини организации. Германските законодавци беа загрижени за влијанието на лажните вести врз нивните избори кои треба да се одржат наесен. Политичарите размислуваа и за парична казна за Facebook и другите социјални мрежи кои овозможуваат ширење на лажите вести.

Новостите кои ќе бидат пријавени како лажни вести во Германија автоматски ќе бидат испратени до непрофитна новинска агенција. Доколку бидат разоткриени како лажни, ќе бидат означени како спорни вести.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail