Facebook во јуни ќе почне да прикажува свои ТВ серии

facebook-disinformati_759.jpg

оцијалната мрежа Facebook наскоро ќе почне да прикажува телевизиска серија со премиум карактер. На почетокот ќе има две сезони од различни серии по 12 епизоди, но според информациите на светските медиуми, Facebook  дал зелено светло да почне продукцијата на повеќе телевизиски серии.

Според истите информации, една од двете серии на Facebook ќе биде високобуџетна и ќе трае подолго, а ќе биде слична на конвенционалните ТВ серии какви што денес гледаме на телевизија. Втората ќе биде поевтина со епизоди кои ќе траат до 10 минути, а нови епизоди ќе се објавуваат секој ден.

Доколку се одлучат за оригинални содржини, тоа ќе и овозможи на Facebook ефикасно да се бори птови конкурентите YouTube, Netflix и Amazon Video сервисот. Facebook на сите можни начини сака да ги задржи своите 2 милијарди корисници, особено младите кои се повеќе се префрлаат на Snapchat.

inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail