Facebook воведе нова опција на Messenger

img-310953.jpg

Facebook ја воведе новата опција Messenger Camera која ќе им овозможи на корисниците да разменуваат фотографии со текст, стикери, илустрирани рамки или анимирани ефекти. Опцијата наскоро ќе стане достапна за корисниците на iOS и на Android платформите.

Messenger Camera праќањето на фотките и видеата треба да го направи поедноставно и позабавно, а според многумина Facebook идејата ја ископирал од Snapchat. Клучната разлика е што во однос на Snapchat, кога ќе пратите фотки преку новата апликација на Facebook тие нема автоматски да се избришат по извесен период.

Сличностите со Snapchat се бројни, а Facebook веќе беше мета на критики поради воведувањето на слични опции во својата друга популарна апликација – Instagram.

Messenger Camera вклучува и ефекти за разубавување на фотографиите, а интересно е дека Snapchat минатата недела ја отстрани таквата функција од својата апликација.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail