FACEBOOK вработува 3.000 лица за работа од дома

2c8e7c9cc84ab8b5154ac6b88cadbef1.jpg
Facebook соопшти дека ќе вработи дополнителни 3.000 луѓе ширум светот кои за задача ќе имаат да ги прегледуваат видео-снимките на кривичните дела и самоубиства, откако неодамна на оваа социјална мрежа во живо беа прикажани неколку убиства.
Иако Facebook има вработено повеќе од 4.500 вработени кои се занимаваат со проверка на таквимот материјал, извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг најави дека ќе бидат потребни уште 3.000 луѓе кои ќе се занимаваат со таа работа.
Она што успеавме да го дознаеме е тоа дека најверојатно, работната позиицја овозможува работа од дома што значи дека можат да аплицираат сите луѓе ширум светот. Вашата задача ќе биде да прегледувате видео записи и да пријавите доколку наидете на некое вознемирувачко видео. Со оглед на тоа што се работи за една реномирана компанија која е позната по тоа што ги плаќа своите вработени со високи плати, можете да го очекувате истото да го стори и за овие новоотворени работни позиции.
Facebook се одлучи да ја направи оваа мерка откако беше остро критикуван бидејќи не сторил доволно да спречи објавување на видео содржини на кои има злосторство и немили настани.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail