Факултет во Загреб ги укина индексите

naslvna.jpg

Од 1 јануари 2019 година, на студентите на Филозофскиот факултет во Загреб нема да им треба индекс.

Имено, студентската легитимација е единствен документ за претставување на студентите на додипломски студии.

Студентите на Деканскиот колегиум истакнале дека не им требаат индекси. Поради тоа деканката во согласност со Статутот на факултетот ги укинала индексите.

Како што стои во соопштението, единствен документ за идентификување на студентите ќе биде студентската лигитимација која ги содржи сите потребни податоци за студентот.

Резултатите од испити, оценки, потписи ќе се внесуваат во Информацискиот состав на високите училишта.

Одлуката за укинување на индексите не се однесува на студентите на постдипломски студии, интегрирани студии и на студентите кои се дојдени од меѓународна размена.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail