30571527_10157125287382699_8217113378959654912_o.jpg

Инспирирани од минатогодишните проекти за помош на општеството и хуманитарна работа, апсолвентите и студентите од втора година од Факултетот за дизајн и мултимедија, ФОН Универзитет, по сопствена иницијатива ја изразија својата креативност на ѕидовите во Домот за деца без родители „11 Октомври”. Под менторство на професорите доц. м-р Милош Миросавлевиќ и проф. д-р Марија Ветероска и иницијатива на Тамара Грозданова. Тимот кој ја заврши реконструкцијата е составен од Мирјана Бошковиќ, Иван Мокров, Анастасија Јовческа, Тео Марковиќ, Харис Муриќ, Мартин Петровски, Зафир Јованов, Каролина Николова, Марија Чекичевска и Тамара Грозданова.

Инаку ова е четврта година во која Факултетот за Дизајн и мултимедија во рамките на програмата за општествена одговорност прави реконструкција на објекти. Во минатите години беа реконструирани и дел од живеалиштата во Зоолошката градина и соби во детскиот оддел на клиниката за онкологија

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail