Факултетот за ликовни уметности – Скопје Ве поканува на изложбата „Темно”

temno.jpg

Насловот на проектот „Темно“ недвосмислено препознава ликовно – уметнички погледи и практикување творби со помалку или без светлина.

Низ историјата на уметноста ја среќаваме во сите периоди на цивилизацијата и човековото творештво, од Египетските пирамиди преку Стариот Завет до Светлините на Велеградот. Во денешниот социјален момент го живееме од Верските храмови до ноќните клубови. Во едукативно уметничка пракса на факултетот го анализираме од Вечерен Акт до „Темна соба“. Но „Темно“ како општествено прифатена предлошка алудира на Темниот Среден век, темните периоди на Фашизмот и Комунизмот, темното криминално подземје а неретко се практикува и како опис за предолгата транзиција и несовршената демократија на нашето денешно општество.

Реално проектот нуди поширок простор за извлекување помали содржински целини а во формална смисла и употреба на неконвенционални постапки и материјали.

Темно е грижливо одбрана ликовна тема, да ја надополни наставата и праксата која не се поставува или пак малку се практикува на Факултетот за ликовни уметности. Овој проектот им даде можност на студентите да конципираат и продуцираат творби во традиционалните ликовни техники како и во новите медиуми и ликовни постапки.

Авторите (менторите) на проектот создадоа вистинска провокација и предизвик кај студентите во продуцирање на „темни“ дводимензионални графички и сликарски дела, скулпторски форми облеани со „темно“ како и просторни ликовни обликувања или дигитални регистрации во „темнина“. Конечен претпоставен бенефит од проектот е дека студентите ќе навикнат да одговорат на однапред поставени насловени уметнички теми, што е редовна пракса на поголемите современи ликовни манифестации кај нас и во светот.

Место: Галерија ФЛУ – Скопје (Педагошки факултет)

Датум: Изложбата ќе биде отворена за јавноста во среда, 3.05.2017, од 20:00 до 23:00 часот.

Учесници: Марија Трпеска, Елена Димоска, Елита Алити, Сокол Марковски, Ана Миланова, Стефан Анчевски, Мартина Стојановска, Сара Длака, Елена Стефановска, Елена Клековска, Ана Марковска, Александра Ацеска, Јасмина Трпевска, Ѓулизара Башкими, Дијана Диниќ, Милко Нестороски, Христина Крстеска

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail