Faraday Future го претстави најбрзиот електричен автомобил

FF-91-796x398.jpg

Под името FF91, Faraday Future конечно го претстави својот прв електричен автомобил. По неуспешното претставување на саемот за технологија CES 2016, се чини дека оваа година конечно можат да се пофалат со полн погодок. Технологијата која е вградена во овој автомобил е на завидно ниво. Ретко кој од нивните конкуренти може да се пофали со исти или барем слични бројки. На пример, 10 камери на предната страна од возилото, 13 радари со долг или со краток опсег, 12 сензори со висок квалитет и 3D Lidar систем.

Покрај ова, автомобилот располага со две аеродинамични антени кои обезбедуваат интернет со оптичка брзина. Беше најавена батерија од 110 киловати, но сепак успеаја да направат батерија од 130 киловати. Оваа батерија може да помине 600 километри со едно полнење доколку се вози во нормални услови, и дури 775 километри доколку се вози 90 километри на час. Од 0 до 100 километри развива за само 2,39 секунди.

Сите овие рекордни бројки укажуваат на тоа дека Faraday Future со создавањето на овој нивни модел FF91 всушност го создаде најбрзиот електричен автомобил на светот и многу веројатно и најдобриот во оваа бранша. Бројките поврзани со брзината покажуваат дека не само што се пред Tesla, туку се и пред Ferrari односно Bentley.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail