Фарма одгледува домати без слатка вода, почва и фосилни горива

Знаете ли дека може да се одгледуваат овошје и зеленчук само со солена вода и соларна енергија? Фармата SunDrop Farms го прави токму тоа и одгледува дури 15% од вкупното производство на домати во Австралија.

Од блискиот залив се носи солена вода која со помош на соларна енергија се десoлинизира и се прска на хидропонски производи на револуционерен и обновлив начин.

SunDrop Farms не користи фосилни горива, не троши слатка вода, не користи почва и со тоа ги елиминира најскапите ресурси од земјоделскиот бизнис. Според компанијата, со ваквиот начин на одгледување се намалува емисијата на СО2 за 26.000 тони годишно и  се заштедува слатка вода колку да наполнат 180 олимписки базени.

Sundrop-Farms2

Околку една соларна кула се наоѓа цело поле со огледала, кое ја рефлектира светлината и топлината во централниот дел. Кулата загрева и обезбедува постојана температура за стаклениците и за десалинизација на солената вода.Sundrop-Farms4

Доматите на фармата се одгледуваат на хидропонски принцип во лушпи од кокос и секоја година се продаваат по 15.000 тони на локалните продавници. SunDrop Farms има свои фарми во Австралија, Обединетото Кралство и во САД.

Sundrop-Farms1

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail