Фармацевт или фармацевтски техничар

eurofarm.png

ПЗУ аптеки Еурофарм бараат фармацевт или фармацевтски техничар за работа во аптека.

Фармацевтската компанија ЕУРО-ФАРМ е основана во средината на 2000-та година, кога во Скопје е отворена првата аптека од ланецот аптеки ЕУРО-ФАРМ. Од тогаш до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еуро-фарм е компанија во чии склоп влегуваат 87 аптеки ширум Македонија и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р.Македонија. Бројот на вработени исто така е во постојан пораст. Во нашата компанија моментално се вработени 320 лица од најразличен профил (180 од нив се дипломирани фармацевти а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал).
Активно сме вклучени и во подршка на научните и културните настани во Р.Македонија преку подршка на социо-хуманитарни акции и институции.
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office

Посакувани карактеристики:

  • Развиени комуникациски вештини
  • Стручност и елоквентост
  • Организирана и одговорна личност
  • Флексибилност за соработка со широк профил на луѓе
  • Професионалионален и љубезен однос кон клиентите, развивање и одржување на добри односи
  • Позитивен став

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.

Доколку сакате да аплицирате, пратете CV на eurofarm@eurofarm.com.mk

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail