ФДУ слави 50 години со перформанс со сите поранешни и актуелни студенти

fdu-pres-jubilej.jpg

Живот за еден сон“ е насловен перформансот со кој утревечер во 20 часот Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ќе го прослави јубилејот 50 години постоење во Македонскиот народен театар (МНТ).
Деканот Лазар Секуловски рече дека се поканети сите 650 дипломирани студенти и 80 магистри, плус и актуелните студенти на Факултетот. Перформансот ќе биде сценско-изведувачки и аудиовизуелен омаж за уметноста, уметниците, професорите, студентите и за ФДУ. Кореографијата ја работеше професорката Кренаре Невзати-Кери, ќе учествуваат голем број дипломирани и активни студенти. Во реализацијата се вклучени и професорката Зоја Бузалковска, професори и студенти од ФДУ.

„Претставата е посветена на сите кои имаат свој сон од детство, па сѐ до последниот миг на животот. Посветена е на ФДУ, на моите студенти, колеги. Своевидна ревија за она што ние го имаме како капацитет за овие 50 години“, вели Невзати-Кери.

За односот на државата кон уметноста и колку вложува како кадар на тоа што излегува од овој факултет, Невзати-Кери вели дека отсекогаш уметноста не била ценета, но оној кој ја сака својата професија ќе работи и до крајот на животот и без оглед на тоа какви услови има. „ Да се има зграда не ја прави уметноста уметност, но државата мора да внесе голем интерес, труд и пари ако сака да просперира во образованието, уметноста и здравството. Тоа се најважните сегменти кои ние воопшто никако не ги третираме. Но, си врвиме. Не смееме тука да застанеме тука треба да се бориме тие услови да докажеме дека можеме и дека имаме потенцијал. Факт е дека во странство не ценат повеќе“, рече таа.

Надоврзувајќи се на професорката, деканот кажа дека Факултетот се соочува со проблеми, бидејќи едукацијата за овој вид уметност е скапа работа, но смета дека не се намалува значењето на Факултетот без оглед на тоа каков е односот на државата кон нив.
„Нашите поранешни студенти се носители на функции и успеси, и се надевам дека многу скоро ќе имаме тројца наши поранешни стдуенти кои ќе добијат Оскар“, рече Секуловски.

Со овој перформанс ќе почне 28. издание на Скомрахи, а како што рече продеканката Мими Таневска-Србиновска, која од 1 декември ќе биде деканка, годинава ќе има пет претстави и 30 филмови.
На прашањето до каде е процедурата за преселба во новиот објект на ФДУ, во строгиот центар на градот, Секуловски рече дека последна информација која ја добиле е дека се обезбедени финансиски средства околу доопремување на зградата, но до каде е и што е не се информирани.

извор: сакамдакажам

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail