ФЕИТ домаќин на балканскиот натпревар по LabVIEW

FEIT-domakjin-na-balkanskiot-natprevar-po-LabVIEW.jpg

ФЕИТ домаќин на балканскиот натпревар по LabVIEW

     

LabVIEW competition FEEIT 2017

LabVIEW competition FEEIT 2017

27.10.2017, Скопје – Факултетот за електротехника и информациски технологии од
Скопје е домаќин на седмиот балкански натпревар по LabVIEW за студентите од областа на
техничките науки. Натпреварот почнува денес во просториите на ФЕИТ, а финалните
победници ќе бидат познати утре (сабота).

На натпреварот учествуваат 23 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и
Македонија. Натпреварувачите се избрани како најуспешни студенти од LabVIEW академиите
на земјите учеснички. Покрај натпреварувачите, секој тим е придружен со 2 професори
(ментори) кои учествуваат во координативните активности за реализација на натпреварот и
дефинирање на проектната задача.

ФЕИТ, оваа година, е домаќин на овој натпревар по одличните успеси на ова
натпреварување и активностите во рамки на LabVIEW академијата при ФЕИТ. Во досегашното
петгодишно учество, ФЕИТ освои две втори, трето и четврто место во поединечна
конкуренција, како и две први места во екипна конкуренција.

LabVIEW (Laboratory Virtual Instrumentation Electronics Workbench) претставува
графички програмски јазик, пред сé наменет за инженери. Оваа програмска платформа е
широко прифатена во сите универзитети во светот и се користи за научно-истражувачки и за
индустриски апликативни цели. Универзитетите кои сакаат да го имплементираат LabVIEW во
своите наставни содржини мора да поминат низ фаза на сертифицирање на наставниот кадар
и формирање на LabVIEW академија. Ваква академија на факултетот за електротехника и
информациски технологии е формирана пред 5 години кога наставниот кадар се здоби со
светски признати CLAD (Certified LabVIEW Associated Developer) сертификати. Покрај тоа во
последните 5 години, ФЕИТ успеа преку LabVIEW академијата да сертифицира и приближно 40
студенти.

Натпреварот се одржува под покровителство на National Instruments.

Покануваме новинарски екипи да го проследат текот на натпреварот, како и утрешното
доделување на наградите во просториите на ФЕИТ.

Лице за контакт:
Доц. д-р Живко Коколански
070921324

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top