ФЕИТ и М-НАВ ќе доедуцираат кадри за потребите на воздухопловната индустрија

Memorandum-za-sorabotka.jpg

Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе соработува со Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздупловната навигација „М-НАВ“ и доедукација на кадри за потребите на воздухопловната индустрија.

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, претседателот на Управниот одбор на М-НАВи извршен директор на воздухопловна навигација Николче Тасески и членот на Управниот Одбор на М-НАВ и извршен директор на воздухопловна техника, Климент Чепуњоски,потпишааМеморандумот за соработка кој предвидува соработка во различни домени, со посебен акцент на развојно-истражувачки и на апликативните проекти, консултативните услуги, едукативните активности, меѓусебната поддршка, стипендирање на студенти од завршните години и постдипломци и многу други заеднички активности.

„ПотпишувањетоМеморандумзасоработка, занас, каковисоко-образовнаинституција,значиискористувањенанаучно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторнитеусловинасочениконунапредувањенаедукативните, истражувачките и апликативнитеактивностиодобластанаелектротехниката и информацискитетехнологии. Ниејазголемувамелистатанакомпаниисокоисоработуваме и овозможуваме, нашитестудентидадобијатпрактичнонаобразба и дасевклучуваатвореализацијанамногунаучни и апликативнипроекти, но и дадобиваатстипендиизазавршувањенаобразовниотпроцес“,велидеканотнаФакултетотзаелектротехника и информацискитехнологииприУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје, професорТашковски.

За претседателот на Управниот одбор на М-НАВ, Тасески, со ова стартува соработката со еден од најдобрите факултети во Македонија на кои им е потребно практична поддршка.

„Како Акционерско друштво, во целост, ги поддржуваме активностите на ФЕИТ во насока на обезбедување континуирано образование на инженерско-техничкиот кадар, ќе обезбедиме материјална и стручно-професионална поддршка, ќе организираме различни семинари, предавања и активности за одбележување различни прослави, годишнини и јубилеи“, вели Тасески.

Oва е прв пат од осамостојувањето на Македонија да имаме можност да создаваме кадри за потребите на воздухопловната индустрија, рече Климент Чепуњоски, член на УО на М-НАВ.

„Препораките на ИКАО и европските регулатори налагаат континурани тренинзи и освежување на знаењата на воздухопловно-техничкиот персонал, чија обврска е одржување, сервисирање и мониторинг на уредите и системите кои ги користат леталата.  Воздухопловно-техничкиот персонал е тој кој дава лепеза на услуги во услови на постојано усовршување на технологиите и сé поголема употреба на уреди и системи кои треба да обезбедат сигурен воздушен сообраќај. За да може да ја изврши оваа исклучително важна обврска, на воздухопловно-техничкиот персонал му е неопходна соодветна обука, што ќе ја обебедиме во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Досега за воздухопловно-техничкиот персонал во М-НАВ се организираа интерни обуки од сопствениот ресурси. Со потпишување на меморандумот ќе се овозможи подигнување на обуките на повисоко ниво, со вклучување на професорите од ФЕИТ во освежување на знаењата на воздухопловно-техничкиот персонал. За оние предмети за кои нема соодветен професорски кадар, ќе биде обезбеден преку нивна специјализација во европски воздухопловни центри. Со ова ќе се овозможи искористување на локална научна база, намалување на трошоците со истовремено зголемување на квалитетот на процесот на обуки“, изјави Чепуњоски.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top