ФЕИТ ќе отвори Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ

logoINNOFEIT.jpg

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ВЕ ПОКАНУВА на свечено отворање на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Центарот ќе биде отворен на 14.04.2018 година (сабота) во 11 часот на ФЕИТ (кампус технички факултети, населба Карпош).

На отворањето на ИНОФЕИТ ќе се обратат:

– професор д-р Димитар Ташковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии

– професор д-р Рената Дескоска, министер за образование и наука во Владата на Република Македонија

– професор д-р Никола Јанкулоски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Центарот е замислен како место за интеракција помеѓу кадарот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што треба да овозможи конекции и трансфер на технологии и нови иновативни идеи што треба да го помогнат економскиот раст на секторот и општеството во целина. Центарот е дел од напорите на ФЕИТ за приближување на академското образование и практичната експертиза и подготовка на своите студенти за подобро справување со предизвиците во индустријата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top