image_large.jpg

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Димитар Ташковски, ректорот на УКИМ, професор д-р Никола Јанкуловски и првите луѓе на Институтот Конфуциј при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, македонскиот директор, проф. д-р Влатко Стоилков и кинескиот директор, проф. д-р Лијао Веи, денес, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се унапредат еду­кативните, културните, научно-истражувачките и апликативните активности од областа на електротехниката и информациските технологии.

За деканот на ФЕИТ, Ташковски потпишувањето на Меморандумот претставува продлабочување на соработката меѓу двете институции во сферата на образованието и науката.

Ректорот Јанкуловски изрази задоволство што соработката на Институтот Конфуциј при УКИМ од кампусот на општествени науки се проширува и во делот на техничко-технолошките науки,  со надеж дека таа соработка ќе се оствари и со други факултети.

Професор Веи, при промоцијата на интернет страницата на Институтот -http://konfucij.ukim.edu.mk, објасни дека станува збор за организација која ја шири и промовира кинеската култура во светот. На ова се надополни и професор Стоилков, кој потенцираше дека во светски рамки има 548 Конфучиј институти во 154 земји, од кои еден е и во Македонија.

„Во текот на оваа јубилејна година за ФЕИТ и 5 години од постоењето на Конфучиј институтот во Македонија, ја прошируваме јазичната и културната соработка со соработка во сферата на науката. Овие институти претставуваат мостови на соработка со кои се премостуваат многу бариери и сите стануваме семејство. Овој чин на промоција на соработката претставува поттик за проширување на соработката со другите институции бидејќи можностите се неограничени“, рече Стоилков.

Соработката меѓу двете институции подразбира консултантски и експертски активности базирани на професионалните, техничките и просторните можности на Факултетот, изучување на кинескиот јазик за студентите и вработените на Факултетот, посети на студенти во Кина, стипендирање и реализација на заеднички научно-истражувачки проекти. Исто така, оваа соработка подразбира и поддршка од ФЕИТ за медиумско презентирање на Институтот Конфуциј.

Настанот беше одбележан и со презентација на традиционалната церемонија на чај, како и кинеските вештини калиграфија, кинсеки јазли и уметничко обликување слики, што предизвика значителна заинтересираност од присутните.

IMG_1527.jpg

IMG_1541.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail