ФЕИТ: ОДРЖАНА ОНЛАЈН КОНФЕРЕНЦИЈА „Higher Education – Common Values, Competencies and Sustainable Development

sl.3-768x432-1.jpg

На 12 мај 2020 година, се одржа еднодневна онлајн конференција со наслов „Higher Education – Common Values, Competencies and Sustainable Development“. Факултетот за електротехника и информациски технологии, покрај техничката поддршка за реализиација на настанот, даде придонес кон конференцијата и со учество на дел од својот кадар и студенти.

Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски продолжувањето на активностите и во овие вонредни услови, треба да поддржи максимално, како и соработката меѓу високо образовните институции.

Конференцијата, се одржа како дел од проектот High Education Dialog: West Balkan Common Values Competencies and Sustainable Development, поддржан од DAAD, под раководство на проф. Горан Рафајловски. Во проектот соработуваат 3 високообразовни  институции:

  • нашиот ФЕИТ,
  • СРХ Универзитет за применети науки од Берлин, Германија (SRH Berlin University of Applied Sciences) и
  • Неемија Универзитет од Поградец, Албанија (Nehemiah Gateway University).
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail